Велигден и Христовото воскресение најпрвин се прославија во Австралија на јужната хемисфера. Илјадници Македонци што живеат во Австралија ги исполнија православните храмови за заедно на полноќ да си го честитаат празникот.
Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал Божествената моќ.
На Велигден, верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Ваистина воскресе”.
Традицијата и понатаму опстојува а повеќе генерации ја следеа Воскресенската богослужба, си го честитаа празникот, се кршеа со Велигденски јајца, палеа свеќи за здравје и среќа.











