Битола полека но сигурно се празни кон крајот на летната сезона во Македонија. Последните што допатуваа во Битола се нашите Македонци од Сиднеј и Њукастел.
Нашинците адвокати, доктори, бизнисмени по потекло од Велушина, битолско: Ристе Ринго Манговски, Вик Колевски, Борис Србиновски, Роберт Станоевски, Пол Златевски допатуваа за празникот Голема Богородица кој се прославува во село Велушина.
Сите се дојдени пред некоја недела само за празникот. Големиот љубител на фудбалот Ристе Ринго Манговски дојде и за супер купот да го бодри неговиот Манчестер Јунајтед. Ринго имаше средба и со фудбалската легенда Тони Мицевски со кој имаа срдечен разговор и ладно скопско во ресторанот Епинал. После празникот ќе имаат шанса да го гледаат и битолски Пелистер. Сепак наскоро ќе се вратат во Австралија со надеж поскоро да дојдат во Македонија.
Стефан Горгиевски
