Фолк ѕвездите Верица и Катерина во Австралија

В петок навечер љубителите на македонската турбофолк песна ќе имаат можност за првпат да ги видат и слушнат групаата Пицикато и пеачките Верица Русева и Катерина Тодорова, кои своето прво музичко крштвање ќе го имаат во Гранд Адреналин, кој се наоѓа во срцето на македонска заедница во Томастаун. Кога зборуваме за убавите дами од Струмица, љубителите на македонската песна ќе можат да ги чујат и видат во живо ѕвездите на Валандово, Охрид Фест како и други фестивали каде настапувале Верица и Катерина.

 

Петок и сабота ќе биде највесело затоа што групата Пицикато доаѓа со целиот свој оркестар. Нема да се наплаќа влезот, ќе биде слободно за сите посетители. А Верица и Катерина пристигаат со нови хит песни од кои некои за првпат ќе бидат испеани пред публиката во Гранд Адреналин, ресторан со капацитет од над 400 седишта. Пред да полетаат од Македонија зборувавме со Верица Русева, која ни рече: Доаѓаме подготвени со музичката група Пицикато за да ги развеселиме Македонците, кои ги очекуваме во што поголем број во Гранд Адреналин, да уживаат. Доколку некој сака да си резервира место за петок и сабота тоа може да го направи преку менаџерката Бети на телефон 0423 731 015. Да повториме, влезот е бесплатен, добро ни дојдовте, ве поздравуваат Бети и Гранд Адреналин.

С. Г.

Останати вести