Во пост со наслов “ШАМПИ(Њ)ОНИТЕ ОД Х. ПАРК”, новинарот Зоран Божиновски објавува транскрипт од разговор меѓу премиерот Заев и Александар Верушевски инаку син на неговиот советник за безбедност Зоран Верушевски.
“Ова е интегралната аудио-снимка од разговорот помеѓу Александар Верушевски и Зоран Заев во август 2016, на ручек во струмичкиот хотел ПАРК.
Верушевски јуниор на тој ручек е испратен од Сашо Мијалков, да разговара, преговара и да договори да не излезат одредени видео-снимки од “бомбите”. Договор е постигнат, а таа соработка и денес 4.5 години по таа средба е плодотворна во нивна корист, на наша штета…”, пишува Божиновски.
Делови од оваа снимка (што ја направил Верушевски за да му ја однесе на Мијалков како доказ) досега беа неколкупати објавувани (делот каде Заев вели “Да ти ебам народот”, или “Шарените ми се во џебот”). Но целосната снимка во траење од околу 2 и пол часа новинарот Божиновски ја објави како своја одбрана во судскиот процес во кој Заев го тужи за клевета. Заев на Судот кажа дека како носител на извршната власт нормално е да биде на удар на критичката власт, но дека сепак граница треба да се има за сè. Конкретно премиерот го тужи Божиновски за клевета по објавен статус на Фејсбук во кој новинарот открива наводен рекет од 60 милиона евра што ги зеле премиерот и тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев.
Пренесуваме дел од транскриптот кој е на 23 страници.
* * *
Верушевски: Велиш имало два обида за атентат врз тебе. Па ако Сашо стварно сакал да те убие, тоа ќе го сторел…
Заев: Немој сега да го правиш дека е бог.
В. А, бе, не го правам бог. Јас го познавам човекот… Тој е мангуп од улица што се докажал. Ти се бориш против Хидрата. Пресечи една глава, ќе израснат две нови. Тој има дупло повеќе пријатели отколку непријатели. А ти имаш дупло повеќе непријатели одошто пријатели… Да знаеш дека ќе бидете изненадени и ти и татко ми од работи што ќе ви се случат…
З: Што и да биде ќе издржиме. Ги издржавме десет години на власт…
* * *
В: Врската меѓу мене и него (мисли на Мијалков) многу е отворена, да знаеш! Од 2011 наваму. Кога ќе го видиш прашај го, а и Никола (Груевски з.н.) знае за тоа.
З: Јас со него (Мијалков- з.н.) во Клуб на пратеници направивме средба и кога преговарав за…
В: ОНИ СЕ ПЛАШАТ ОД ВИДЕАТА! ТИЕ ВИДЕА НЕ СМЕАТ ДА ИЗЛЕЗАТ! АКО ИЗЛЕЗАТ ТИЕ ВИДЕА РЕЦИПРОЦИТЕТ ЌЕ ПРАВИМЕ НИЕ И ПОСЛЕ…
З: Ти кажа Сашо кој ги сопре СЕЈШЕЛИ да не излегуваат? (Тука Заев зборува за порнографска видео снимка од групен секс на Груевски со млади црни момци! – заб. Божиновски.) Тоа ТРКАЛОТО, другите видеа, внатре има ШМРКА ДРОГА, бе човек! Има СЕ ВНАТРЕ! Ебем ти, не можат да се заебаваат они така! Значи ми се јавува Столе, го знаеш Столе! Замолува човекот ДА СПРЕЧАМ ДА ИЗЛЕЗЕ ВИДЕОТО! Викам – дај ми 24 саата! Оти беше организирано се! Јас знам што сум правел со новинари, па да спречам. И спречив. А не поминаа три дена кога ми дојдоа сите инспекции во Општината…
В: Види, Сашо е спремен, значи. Спремен е, а Никола не знам. Сашо ми кажа дека и ако не победите на изборите, значи СДСМ не го преземе мандатот, сите овие кривични дела што се на суд сите ќе ги… Значи ќе се смират состојбите, а утре задутре ако има проблем, а нема да има, пак имаш “бомби”… И јас сум тука. Татко ми е на едната страна, се крсти во тебе, а јас пак сум ти на другата страна…
* * *
З: Кога излезе таа “бомба” со гатачката тие знаат што се имам кај мене. Се им е јасно. Штом ја имам таа работа, тогаш мора да го имам и другото. И тоа е у.п.м. и јас се грозам, ама е. му мајката. Не ми е намерата да вадам повеќе “бомби” зашто мислам дека јас повеќе ќе губам, еве искрено ти кажувам. Анкетите велат дека сега на народот му треба позитивна кампања, да му се даде светла визија, а не негативна кампања. На народот му е се јасно, ништо нема да добијам ако терам негативно. Напротив, треба позитивно.
В: Па ти си позитивен човек.
* * *
В: И ти мислиш дека на 11 декември ќе има избори?
З: Освен ако не направат нешто… Според анкетите ВМРО има 25.2%, СДСМ има 21.6% а 4.8% има Шарената коалиција. Пишува: 4.8% “ќе гласам за Шарена коалиција”. Да ти ебам Шарена коалиција, за која Шарена коалиција кога не постои такво нешто…
В: Ти си крив, ти ги створи. Тоа ти е со свој камен по глава. Ете ти го внатре у Влада. Џабир ќе ти гласа закони за ВМРО. Ти пак нема да имаш коалиција.
З: Тоа што ја води Шарената коалиција е мое. Левица ја води…
В: Ех, се видов со тој Здравко, тој е човек на Бранко…
* * *
В: Борете се со проекти а не вака со Сејшели-Мејшели.
З: Тие ги провоцираат работите да одат така.
В: Ај кажи ми што сакаш да престанат и ќе престанат. Ајде, провери ме… Еве, ќе се смират работите, скроз ќе се смират. Ќе се исчисти све, нека има избори и подобриот нека победи. Твојата фамилија, мојата фамилија и нивните фамиии ако се караат – трет користи!
З: Професорот (мисли на Зоран Верушевски) знае, смирување со нив НЕ! Тоа ми е аманет од него, јас не можам да го изневерам професорот!
В: Види, немој да го изневериш ама ќе има последици. Оваа ситуација сега е веќе смирена. Може да се седне и да се разговара, да се преговара. Ако не е смирена кажи што треба за да се смири?
З: Оние не се подготвени да ја смират ситуацијата!
В: Еве јас дојдов сега, кажи ми мене. Тестирај ме, бе, чоек!
З: Ма јас немам барање они што да прават. Нека си тераат, реков сто пати терајте до крај со се што можете! И ќе тераат до изборите, до крај, значи терајте видов какви сте…
В: Зошто таква агонија?
З: За да си одат од власт!
В: А, бе, ќе си одат. ГРУЕВСКИ НЕМА ДА БИДЕ ВО ВЛАСТА! Ќе имаш други луѓе, Груевски веќе не го гледаш како премиер! Значи верувај што ти кажувам: ГРУЕВСКИ ЌЕ СИ ОДИ! БАРА НАЧИН, САКА ДА ЈА СРЕДИ ПАРТИЈАТА, ДА НАПРАВИ МИР И ПОСЛЕ ЌЕ СИ ОДИ! Како што гледаш Груевски оди по селата а Тодоров дава интервјуа!
* * *
В: Оние имаат машина. Тоа ти е како кога ќе слупаш некоја кола – лимаријата е згужвана ама машината уште работи. Машината им е Сашо. А кај тебе со кого – со Рада ли ќе правиш нешто? Ја зимам за пример. Не ви чинат луѓето.
З: Им ги видов јас нивните луѓе. Антонио Милошоски чини ли?
В: Неее, Антонио е твој човек апла бе!
З: Да, бе, мој, мало сутра!
В: Антонио, Бичиклиски, оној хармоникашот со брадата… Кекеновски.
З: Ех, Кекеновски е ОК. Со него имаме соработка, тоа сите го знаат. Ама Антонио нема врска. Може дека не се блиски со Сашо?
В: Види, Сашо ти е друг човек. Има огромна разлика. Тоа што праел и како праел тоа си е негова работа. Битно е има слух, дека е рационален… Не сум му кажал дека ти правеше салто во кабинет кога ги доби “бомбите”.
* * *
В: Не можев на татко ми да му кажам дека се гледам со Сашо, дека јадеме заедно, дека се слушаме по телефон. Ама дојде време и видов дека мора да му кажам. Јас си знам како тој го прими сето тоа. Јас избегнувам да се мотам дома. Ама морав да го предупредам и него како и сега тебе: ако продолжите со “бомбите” ќе направите така што сите ќе завршиме во затвор… Јас видов како тоа изгледа. И тоа ме пикнаа луѓе од СДСМ кои сега ти повторно им даваш доверба и моќ. Како Зечевиќ, на пример. Ме пикнаа во затвор заедно со Чакала, Красниќи, Макалара… – сите што татко ми ги ставил таму. Јас знам како спиев со два ножа до мене. И тогаш сфатив колку татко ми е немоќен. Сфатив дека другата страна коа ќе даде збор и го одржува. Како мене за десет години од владеење на ВМРО влакно од глава не ми фали?
Види, ќе сфатиш каков човек сум. Тоа што јас и ти го разгораваме останува меѓу нас двајцата…
* * *
В: Што ќе правиме понатаму од вас зависи, не од нас. Ти мислиш дека си многу силен!
З: Не сум силен, јас сум ранлив. Многу обичен, што не е типично за политичар, за врв на власт. Премногу сум обичен, премногу едноставен. Воопшто не се чувствувам силен. Луѓето ми направија цело зло какво што јас не можев да го замислам.
В. Не, не ти напраиле зло! Ти им направи, татко ми им направи! Они само се бранеа! И тоа е сосем нормално во природата човек да се брани кога е нападнат. Вие настапивте со идеи, со проекти? Со што? Алоо, со “бомби”!? А јас тие бомби ги знам и Сашо ги знае од 2011 наваму! Вие одите и го уценувате!
З: Кој го уценува, бе? Што сум уценувал?
В. Точно е тоа, фатени се у криминал, има манијаци, има педофили. Груевски е бисексуалец и тоа Палчо го пишува нон стоп, си приметил?
З: Да, бе, сум приметил!
* * *
В: Владиката Наум, што човек е тој?
З: Со сите бои и масла премачкан. Не знам само дали повеќе време поминува со мене или со Сашо. Сака да не смири.
В: Подобро јас да ве смирам отколку тој.
З: Со Сашо нема мирење…
