Вестерн Сабрбс – Престон Македонија 1: 2

Прва државна лига на Викторија северо–запад, 11 коло
Натпревар во кој двата тима од почеток останаа со играч помалку. Домаќините први дојдоа до водство, во првото полувреме.
За израмнување се потруди Јаја Дисаси кој елегантно ја заврши работата за 1–1. За вториот гол заслужен беше Канер Укарли кој скокна највисоко од сите на нафрлената топка од корнерот за да ја испрати со глава во мрежата за 1–2.
Во сабота, на 18 јуни Престон Македонија гостува кај Сиднам Парк Македонија во 15 часот, во дерби натпреварот на дванаесеттото коло.

Останати вести