Вештини за образование и вработување

Доколку барате работа и треба да го подобрите говорењето на англиски јазик, читањето, пишувањето или да научите основни математички вештини, можеби имате право на користење на Skills for Education and Employment program.

Оваа програма ќе ви помогне да се стекнете со вештините и самодовербата што ви се потребни за да си ги зголемите шансите да најдете работа или пак успешно да го завршите стручното обучување.
Програмата ќе се одвива во мали групи за да се создаде пријателска и опуштена работна средина. Ќе овозможи поддржувачка средина и ќе вклучува луѓе на кои им е потребна слична помош со говорење англиски јазик, со читање, со пишување и со математика. Таа ќе биде спроведена од професионален персонал кој има искуство во предавања на возрасни ученици и ќе ви олесни во пополнувањето на обрасци и пишувањето на дописи и лични биографии.

Кој има право на Skills for Education and Employment?
Може да имате право на користење на програмата доколку:
– сте на возраст од15 до 64 години
– барате работа со полно работно време
– сте примател на една од следните исплати за поддршка на личниот приход:
 Disability Support Pension
 Newstart Allowance
 Parenting Payment
 Partner Allowance
 Widow Allowance
 Widow B Pension
 Youth Allowance
 Special Benefit
– сте регистрирани како лице кое активно бара работа во jobactive, Disability Employment Services или во Community Development Programme и сте австралиски државјанин или поседувате иселеничка виза, или пак имате право да работите во Австралија.
Може исто така да имате право на програмата доколку сте:
– на возраст од 15 до 21 година – дури и ако не сте примател на исплата за поддршка на личниот приход, или доселеник кој го отслужува периодот на чекање од 104 недели за новодоселени жители за стекнување право на исплата за поддршка на личниот приход.

Забелешка: имателите на виза за квалификувани доселеници во моментот немаат право на оваа обука. Може да важат и други услови за поседување виза.

Кој ја спроведува програмата? Дали таа се однесува на мене?
Програмата ја спроведуваат локални спроведувачи на обуки или TAFEs. Откако ќе ве упатат на програмата, ќе бидете оценети и сместени во група или на курс што одговараат на вашите потреби. Секоја недела ќе добивате обука во траење од 10 до 20 часа.
За повеќе информации: јавете се на 131 202 за да разговарате со нас на македонски јазик околу исплатите и услугите на Centrelink или јавете се на 131 450 (TIS National) за да разговарате со нас на македонски јазик околу исплатите и услугите на Medicare и на Child Support

Забелешка: Повиците од домашен телефон кон броеви што почнуваат со префикс ’13’ од било кое место во Австралија се наплатуваат по фиксна тарифа. Тарифата може да биде различна од цената за локален повик, а исто така може да биде различна во зависност од обезбедувачот на услугата за телефонија.

Останати вести