Трета државна лига на Викторија северо–запад, 6 коло
Новиот тренер Тони Нечески во првиот натпревар на чело на тимот успеа да оствари победа на гостувањето против Вествел. Лајло со двата голови по еден во двете полувремиња имаше конфорна предност, а домаќините пред крај на средбата само го ублажија поразот.
Во сабота, на 14 мај, Лајло Јунајтед на домашен терен ја пречекува екипата на Латроб Универзитет со почеток во 15 часот.