Ветеранот Мицевски настапи во дресот на Комитите

МАСО КУП ВОЛОНГОНГ 2016
Специјален гостин на турнирот беше поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија, Тони Мицевски, кој се појави во тимот на Рокдаел Илинден над 35 години.

Се покажа дека и во Австралија Мицевски има свои навивачи од неговото родно село Поешево. Многумина ја искористија можноста да се фотографираат со Мицевски кој е ветеран со 44 натпревари за Македонија и пет сезони во познатата германска Бундеслига, и, исто така, за битолски Пелистер, во кариера која траеше 20 години.
На средбата Рокдаел Илинден со Крингил Лајонс, комитите славеа висока победа со 3-0. На оваа средба Мицевски постигна два гола. На вториот натпревар, Рокдаел Илинден против Јагуна, кој заврши со уште една победа за Комитите, со 2-1, Мицевски уште еднаш се запиша како стрелец. Следниот ден Рокдаел Илинден во полуфиналето играше без специјалниот гостин, бидејќи Мицевски замина за Македонија со што ја заврши неговата посета на Австралија.
Како новитет првпат во неделата навечер, на затворањето на турнирот МАСО куп, се одржа и гала бал во Сун Лоунге Фунцтион амп; Рецептион Центре. Вечерта секој од клубовите што учествуваше доби признание и се прослави затворањето на МАСО купот 2016.

Останати вести