Бил Шортен ги загуби изборите кои не смееја да се загубат, и понатаму се поставува прашањето како лабуристите можеа толку да потфрлат. Сите анкети неколку години укажуваа на победа на лабуристите пред спектакуларното враќањето на Скот Морисон на власт, и неговата коалиција се најде во ситуација да може да формира мнозинска влада.
Говорот на Шортен во кој признава пораз беше тешко да се гледа за сите оние кои им се наклонети на лабуристите, со што воедно подвлече линија под тешкиот пораз. „Ние сме отпорно и гордо движење и никогаш не се откажуваме” – рече тој. Тага и неверување преовладуваа во просторијата кога се обвистини кошмарот. Како што пристигнуваа резултатите на изборите имаше се помалку и помалку луѓе. Многумина неуморно работеа Шортен да биде прајминистер, но сега лабуристите ќе поминат уште три години во опозиција. Како лабуристите тргна во погрешна насока? Шортен во својот говор можеби сам укажа на тоа што тргна на лошо. „Тестот што сам си го поставив пред овие избори, се протегаше дури и подалеку од победата, а тој беше дека кога во 18 часот ќе се затворат гласачките места, и кога ќе се објават конечните резултати, сакав да можам да се погледнам во огледало и да кажам дека не постои нешто што не сум го направил. Дека нема идеја која можевме уште да ја доработиме” – рече Шортен.
Лабуристите дадоа цел спектар политики на Австралиците – од цели поврзани за електрични автомобили до политики поврзани за климатските промени и пресметувања со импутациите на дивидендите.
Не можат да се каже дека на лабуристите им недостасуваа визии за земјата, без разлика на личните ставови поврзани за нивните поедничени политики. Шортен на гласачите им претстави амбициозни реформи, од даночна политика до здравствена грижа, но токму тоа можеби беше причината за неговиот неуспех. Данокот на дивидендата, негативната задолженост што се користи за купување на инвестициски имот, кревање данокот на плата, климатски промени. Ниту една од овие големи политики не беше комплицирана за објаснување и не беше тешко да се оправда пред гласачите. Лабуристите тргнаа со големи идеи и амбициозни политики – и тоа им се скрши од глава. Амбициозната реформска програма што ја предлагаа не наиде на поддршка и партијата ги загуби гласовите во Квинсленд и Тасманија. Она што го добија во Викторија и НЈВ не беше доволно да го надомести загубите.
Претставник од редовите на лабуристите изјави дека на гласачките места најмногу имало лица над 65 години кои најчесто гласале против оваа партија. Исто така, според извештаите, жителите од областите со економски потешкотии како што се во Квинсленд, Западна Австралија и Тасманија ја поддржаа пораката на Морисон за силна економија и работни места.
Широкиот распон на политиката која ја предлагаа лабуристите беше лесна мета за Морисон.
Лабуристите се оддалечија од својата порака – почнаа со здравството, потоа тргнаа на плати и продолжија со климатски промени. Лабуристите на големо ризикуваа за време на оваа кампања самите поставувајќи се за мета поради голем број политики кои имаа недостатоци и кои можеа да се идентификуваат и квантифицираат. Лабуристите никогаш не успеа да одговорат на прашањата за тоа колку климатската политика всушност ќе ја чини австралиската економија. Притоа налутувајки ги гласачите со потенцијална несигурност на нивните работни места, дополнителни даноци на работниците и пензионерите кои самите се финансираат без да се терет на државата.
Постојаните напади на Морисон за тоа како Австралиците не можат да им веруваат на лабуристите дека добро ќе управуваат со буџетот допреа до потсвеста на гласачите.
За време на кампањата лабуристите постојано објавуваат нови политики и поголемиот дел од времето Морисон го критикуваше својот противник наместо да одговори на предлозите на сопствените реформи. Изгледа дека улогите на двата лидери се променија, Морисон ја превзема улогата лидер на опозицијата констрантно критикувајќи го својот конкурент.
После оставката на Бил Шортен започнат е комплицираниот неколку месечен процес на замена кој го направи таков Кевин Рад, за да не можело да се смени лидерот како како што го сменија него. Се повеќе е јасно дека можеби единствен кандидат ќе биде Антони Албанис. Лабуристичката партија треба веднаш да ги смени правилата што ги воведе Кевин Рад кој ја прави партијата како да е комунистичка и во неа не смее да има несогласување со лидерот.