Велингтон Феникс – Аделаид Јунајтед 4-2

Двата гола на Роли БоневаЧиа го инспирираа Велингтон Феникс да оствари победа над Аделаид Јунајтед, во меч од фудбалската А-лига на Австралија. 

Во брзиот натпревар гостите од Аделаид дојдоа до водство уште во 3. минута, со голот на Креиг Гудвин.
После само една минута домаќините изедначија со голот на Рој КриШна на 1-1.
Херојот на средбата Боневачиа потоа во 22. минута и во 51. минута во два наврати ја тресеше мрежата на Јунајтед за 3-1.
Нововлезениот Матју Ридентон го зголеми водството на 4-1 во 68. минута од играта.
Во завршницата Пабло СанЧез го постигна утешителниот гол за Аделаид во 89. минута за конечните 4-2.

Останати вести