Професорот Виктор Фридман оваа седмица се наоѓа во Перт и веќе имаше предавање во Македонската општина за Западна Австралија.
Фридман е еден од најеминентните македонски лингвисти во светот и докажан пријател на Македонија. Тој во вторник на Универзитетот на Западна Австралија (UWA) ќе има предавање. Има ограничен број места во театарот на универзитетот UWA, затоа молиме да го резервирате вашето место со испраќање на е-маил до: communityrelations@macedoniawa.com.au
Овој настан е бесплатен, овозможен од страна на Македонската заедница во Западна Австралија.