Во полуфиналето на купот на Фудбалската Федерација на Австралија {ФФА), се пласираа Мелбурн Виктори со убедливата победа на Аделаид Јунајтед од 3–1.
Во другиот елиминационен натпревар играа Хјум Сити и Окли Канонс, средба во која екипата на македонскиот тренер Луи Ацевски во два наврати го изедначуваше резултатот, за во второто продолжение да го постигне победоносниот гол за победа од 3–2. Љубителите на фудбалот се сеќаваат на Љуи Ацевски како поранешен голман на Престон Македонија, и еден од најдобрите чувари на голот во 2007 година во Премиер лигата на Викторија.
Во другата средба за Мелбурн Виктори победата беше лесна иако горчлива бидејќи ветеранот Арчи Томсон прерано го напушти натпреварот со сериозна повреда. Сигурно и оваа сезона Виктори ќе биде фаворит со уиграноста и добрата форма на Бесарт Бериша, Фахид Бен Калфалах, Даниел Георгиевски и Гај Финклер.
Следниот вторник навечер, на 29 септември се играат преостанатите два четвртфинални натпревари: Хајделберг Јунајтед – Мелбурн Сити и Перт Глори – Вестерн Сиднеј Вондерерс.
