Премиерот Даниел Ендрус изјави дека регион на Бризбен ќе биде ставен од црвена во портокалова зона откако властите во Квинсленд добро се справија и го задржа понатамошното ширењето на COVID-19.
Новиот начин на дозволи за сите домашни патувања, воведен претходно овој месец, се заснова на систем како на семафорот со црвени, жолти и зелени зони.
Ендрус рече дека жителите на Викторија што сакаат да се вратат дома, а и посетителите, ќе можат да аплицираат за дозвола, а потоа слободно да патуваат откако ќе направат тест во рок од 72 часа по пристигнувањето и под услов да добијат негативен резултат.
Патниците кои ги посетиле „црвените зони” во изминатите 14 дена не смеат да влезат во Викторија, освен ако добијат исклучок.
Тој предложи за сите оние што немаат итна потреба да ги одложат плановите за патување до Бризбен.
Овој вирус се движи брзо и мора да ги следиме здравствените совети и да избегнуваме непотребни ризици.
За Викторија целото подрачје на НЈВ засега е во портокаловата зона, а Сиднеј е ставен во црвената зона и таму не смее да се патува само како работник со дозвола.
Постои можност да аплицирате за изземање. Исклучоците се даваат само во посебни случаи. Ако се обидете да влезете во Викторија со кола без важечка дозвола, ослободување или исклучок, ќе ве вратат назад. Додека ако се обидете да влезете преку аеродром или пристаниште без важечка дозвола, изземање или исклучок, ќе бидете казнети со $4,957. Од Викторијанците ќе се бара да одат карантин 14 денови дома, а другите ќе бидат вратени назад.