Викторија сака национална база за криминал

Викторија е подготвена да помогне во финансирањето на националната база за криминал за да помогне во борбата против криминалот меѓу младите Африканци, рече премиерот Даниел Ендрус.

Владата на Викторија вели дека е подготвена да помогне во финансирање на национална база за криминал за да се идентификуваат младите престапници.
„Кога тука во Мелбурн наоѓаме десетици или повеќе деца сторители на криминални дела од Сиднеј, ако имавме база на податоци ќе знаевме нешто за нив, нивната историја и статус” – рече премиерот Даниел Ендрус. Исто така рече дека државата е подготвена да покрие 25 отсто од трошоците за базата на податоци. Неговите коментари дојдоа по објавувањето на статијата во Herald Sun во која, дива домашна забава на црнци во Вереби и расправија и физичка пресметка во Сент Килда во декември се поврзани со група кошаркари од Сиднеј, кои во Мелбурн дошле на натпревар.
Ендрус не го исклучи ограничувањето на употреба на прописите за поправка во рамките на заедницата кои им овозможуваат на прекршителите да ја отслужат својата казна надвор од затворот, за сериозни прекршувања. Но, одби да каже кои злочини задолжително ќе резултираат со затворска казна, наместо служба во заедницата. Лидерот на опозицијата, Метју Гај, националната база на криминал ја нарече „одлична идеја”, но рече дека федералната влада не е одговорна /меродавна за решавање на проблемот со злосторствата во Мелбурн.

Останати вести