Сезоната за Престон Македонија, Алтона Маџик Вардар и Сиднам Парк Македонија започнува
Од оваа седмица започнува новата сезона во Првата лига на Викторија, а за нашата заедница стартот на новиот шампионат е во сабота, на 2 април, во првото коло Алтона Маџик Вардар му гостуваат на тимот на Канли со почеток во 15 часот.
Следниот ден се игра македонското дерби меѓу Престон Македонија кој на свој терен ќе ја пречека екипата на Сиднам Парк Македонија во Резерво со почеток во 15 часот.
Им посакуваме успех во новата сезона на нашите клубови и достојно да не претставуваат на фудбалските терени.

