Викторија од петок започна седумдневен карантин, откако регистрираше нови случаи на зараза во заедницата со Ковид-19. Седум милиони жители на Викторија повторно се во домашен притвор.
И училиштата и верските објекти повторно се затворени.
Мерките се воведоа откако беа регистрирани во среда 12 новозаразени со ковид-19 во Мелбурн, а бројот на инфицирани во текот на неделата се искачи на 35 луѓе. Следните дениви се особено критични бидејќи некои од заразените посетиле места каде што имало многу луѓе. Едно заразено лице било меѓу околу 23.400 лица кои присуствувале на натпревар на Австралиската фудбалска лига.
„Здравствените експерти се многу загрижени колку брзо се шири индиската варијанта. Исто така, имунизирањето се одвива побавно одошто се надевавме. Доколку повеќе луѓе беа имунизирани, можеби ќе се соочевме со поинакви околности. За жал, не се”, изјави заменик премиерот на Викторија, Џејмс Мерлино. Многу жители нагрнаа во маркетите и ги испразнија полиците, а некои со автомобили избегаа од Викторија.
На повеќе од 180 локации луѓето можеле да дојдат во контакт со вирусот, а со следење на контактите се утврдило дека 15.000 се примарни и секундарни контакти. Еден пациент засега е на интензивна нега.
Според новите правила домот може да се напушти само за работа, одење на лекар, рекреација и купување намирници, но Викторијанците исто така можат да одат и да се вакцинираат. Личностите кои се на возраст од 40 до 49 години од петок имаат право на вакцина од Фајзер/Бионтек.
Сите активности се прекинати, а училиштата преминаа на учење од дома. Сепак градинките засега ќе останат отворени.
Рестораните, пабовите и кафулиња продаваат само храна за носење.
Луѓето мора да имаат маски за лице насекаде кога се надвор од нивните домови.
Ова е четврт пат како Викторија и Мелбурн прогласуваат карантин од почетокот на пандемијата, при што најдолгиот траеше непрекинато 112 дена. Стручњаците велат дека спориот процес на вакцинација, но и ширење на болеста од карантинот спроведен по хотели, од каде ширењето почнало 17 пати во шест месеци.
Разочарување и фрустрација од новото заклучување
Жителите на Мелбурн повторно добија тежок удар врз менталното здравје, удар врз малите бизниси и врз економија – удар врз самодовербата.
Со право сите прашуваат зошто Викторија е единствената држава што има четврта блокада во Австралија.
Зошто одделот за потрага за контакти повторно не успеа да ја задржи оваа епидемија како што тоа успешно го прават во Сиднеј?