Викторија е единствената држава во Австралија каде заразата со коронавирус се прошири, и тоа поради неспособноста да се одржува карантинот на патниците од странство и низа грешки и пропусти на Владата на Ендрус.
Во неделата власта (и после толку месеци да се подготви) се уште не се чуствуваше сигурна да ги намали рестрикциите при 7 нови заразени со вирус и 6 луѓе во болница од кој никој не е во критична состојба.
Како што знаеме, во неделата беа идентификувани 6 поврзани случаи во северните предградија на Мелбурн, како дел од кластерот во кој досега има 39 заразени луѓе од 11 фамилии. Но на владата на Даниел Ендрус сепак сè уште не и е јасно како тие се поврзуваат заедно и изрази загриженост, иако овие случаи имаат заедничка локација.
Во меѓувреме економијата е во агонија, бизнисите се незадоволни затоа што се уште не се дозволува продавниците да се отворат.
Премиерот Ендрус како утеха најави дека ќе почека до вторник да објави дали бизнисите со малопродажба и угостителство ќе може да се отворат на 2 ноември.
– Се надевавме дека денес ќе можеме да објавиме дека во Мелбурн ќе преземеме значителни чекори, не тоа нема да биде денес, туку од средината на оваа седмица, рече тој во неделата.
– Не сме во состојба да го сториме тоа денес, бидејќи чекаме 1.000 резултати од тестовите од новото ширење на епидемија во северните предградија, што се наоѓаат во лабораториите. Тие ќе ги добиеме денес, веројатно билансот од нив ќе биде сумиран утре, и ќе има дополнително тестирање во текот на целиов ден.
Ова не е ништо друго освен претпазлива пауза, чекаме да ги добиеме тие важни информации од тие тестови. Само да се исклучи опасноста дали има повеќе луѓе заразени со вирусот отколку што мислиме, рече премиерот на Викторија.