Македонскиот Фестивал на Културата – Вилијамстаун и оваа година ќе се одржи во недела, на 22 ноември 2015, во паркот “Commonwealth Reserve” Williamstown со почеток од 10 часот па се до 17 часот попладне.
Како и секогаш се очекуваат илјадници гости да земат учество на овој Фестивал и со тоа треба сите како Македонци да се гордееме. Ќе има автентична македонска храна, музика, песни и ора, како и мини Луна Парк забава за деца. Организаторите на Фестивалот, „Македонската Австралиска Културна Православна Асоцијација” се погрижија да има по нешто за секој. Ќе настапат македонски фолклорни групи, познати музичари и пејачи, почесни политичари од Парламентот што неуморно ги промовираат македонските прашања во Австралија, македонски и австралиски медиуми и конзулката Бети Коруновска. Целта на овој Фестивал е да се обедини македонскиот народ да работи заеднички, со една мисла и заедничка сила, да бидеме посилни како заедница и да се постави добра подлога за нашите деца и идни генерации и со сето ова да го претставиме македонскиот народ и името Македонија во австралиската заедница. Замислете – колку значи да чукне тапан и да засвири гајда среде Вилијамстаун – едно од најпознатите и најубавите туристички и историски места во Мелбурн и Австралија. На крајот на денот ќе се обидеме да завршиме со најголемо македонско оро во стилот на светските рекорди што ги бележи Гинис.
Д. С.
