Променливото време во Мелбурн не беше пречка за да се одржи Македонски културен фестивал во Вилијамстаун, што започна со звуците на македонските традиционални инструменти.
Ова беше уште една прилика да се отслика македонската култура, и да се презентира пред пошироката јавност.
Дента зедоа учество следните македонски играорни друштва: КУД Илинден, КУД Александар Македонски, КУД Танец, Распеани Македонки и играорната група на Св. Петка во Мил Парк. Исто така имаше настап на играорна група од Руската заедница во Мелбурн. За песната се погрижија Новица и Татијана Лазаревска, Марјан Коцев, Иван Радевски. Од локалните интерпретатори имаше 15 солисти што настапуваа за поголемо музичко задоволство. Сето ова беше зачинето со разновидна вкусна традиционална македонска храна, кебапчиња, домашни колбаси, македонска плескавица, тулумба и разни слатки. На штандовите се продаваа автентични јадења и производи, а имаше и организирано занимација за помладите, како мини Луна Парк и животни.













