Се испитува дали вирусот во Нов Зеланд се вратил преку замрзната риба

Во Нов Зеланд ја испитуваат можноста вирусот да е увезен преку замрзната увезена храна затоа што еден од новозаразените работел во погон за замрзнување риба од Кина.
Официјалните лица се убедени дека изворот на новите инфекции не е со локално потекло, тие веруваат дека е од странство.

Сепак, епидемиолозите тврдат дека е речиси невозможно вирусот да се увезе преку замрзнати производи и најавија резултати од анализи од сите површини во погонот за замрзнување каде што работел заразениот работник.
Ограничувањата во Оукланд се построги отколку во остатокот од земјата, затоа што на жителите на тој град им е наредено да не ги напуштат своите домови, освен кога одат за да купат намирници и лекови.

Останати вести