Високи очекувања на Морисон од министерствата

Прајминистерот Скот Морисон во првото заседавање на кабинетот по изборите, со министерски позиции награди двајца клучни сојузници. Во владиниот кабинет се наоѓаат седум жени.

Прајминистерот ги унапреди Алекс Хоек и Стјуарт Роберт – лица кои му дадоа значителна поддршка и кои беа клучни во обезбедувањето на поразот на Питер Датон за време на минатогодишното гласање за превземање на лидерството. Исто така сака на Австралиците да им го олесни пристапот до владините услуги.
„Имам големи очекувања од министерствата и јасни цели. Во ова влегува и укинувањето на чекањата кога станува збор за регулаторни и бирокартски препреки, и подобро користење на технологијата и подобра интерграција на ресорите за давање услуги на сите министерства” – рече Морисон во Канбера.
Кабинетот од 22 членови вклучува и рекорден број од седум жени. Стјуарт Роберт беше помошник министер за финансии, но во кабинетот е унапреден во министер за владини услуги и ќе го надгледува спроведувањето на Националната програма за осигурување на лица со инвалидитет. Исто така ќе биде одговорен за новата агенција под името Service Australia која ќе работи на тоа на австралиските граѓани да им се олесни користењето на владините услуги.
Алекс Хоек ќе биде министер за меѓународен развој и помошник министер за одбрана во обид да се изгради посилна одбрана и економски врски со пацифичките држави.
Како што и се очекуваше, од кабинетот излезе поранешната министерка за екологија Мелиса Прајс, која не успеа соодветно да одговори на прашањата од медиумите поврзани за нејзиното министерство, таа сега ќе биде министерка за одбрамбена индустрија. Пратеничката од редовите на либералите во руралните делови на Нов Јужен Велс ја замени во улогата на министерска за екологија.
Во кабинетот се врати Сузан Ли која во 2017 година беше присилена да даде оставка на местото министерска за здравство кога се откри дека изнајмила апартман на Златниот брег додека се наоѓала на службено патување.
Прајминистерот исто така направи и историски потег – го именуваше Кен Вајат како прв абориџински министер во Австралија, задолжен за прашањата за староседелците. Поранешниот помошник министер за финансии Мајкл Шукар повторно доби должност, да ја надгледува програмата за депозити за купување на прв недвижен имот. Пратеникот од редовите на Националната партија Дејвид Литлпрауд, ќе управува со водните ресурси, природните катастрофи и итни ситуации, додека Бриџит Мекензи е првата жена министерска за земјоделство во Австралија.
Алан Туџ ќе биде министер за имиграција, додека Ричард Колбек ќе го превземе ресорот за грижа за стари, млади и спорт. Сенаторот од Викторија Мич Фајфилд ќе го напушти Сенатот и ќе замине во Обединетите нации како амбасадор. Пол Флечер ќе биде министер за комуникации и рече дека има цел да го заврши имплементирањето на брзиот интернет. Сенаторот на Нов Јужен Велс, Артур Синодинос ќе го замени Џо Хоки како амасадор во САД.
Линда Рејнолдс ќе биде министерска за одбрана, Питер Датон ќе остане во министерството за внатрешни работи, а Дан Тиан во ресорот за образование. Џош Фрајденберг и понатаму ќе биде федерален благајник, додека Матијас Корман ќе остане министер за финансии.
Микелиа Кеш ќе биде задолжена за ресорот Вработување и вештини, а државниот адвокат Кристијан Портер ќе ја превземе нејзината област за односи во индустријата.

Останати вести