Одредете сами која е вистинската старост на вашето тело

Биолошка старост – тоа е вистинската старост на човечкото тело. Ни покажува колку навистина сме стари. Нејзиниот часовник отчукува во нашите клетки, но не ги дефинира нашите податоци преку личните документи.

Понекогаш, биолошката старост на еден човек ја дава вистинската слика за здравствената состојба за него и дали е време да се почне со одбројување назад во младоста. Човек од 30 години може да изгледа како „крнтија”, а во 50-тите да биде со добро здравје и да има одличен капацитет за работа.

Најдобар точен показател е биолошката старост. Научниците докажале дека хронолошката старост наведена во нашите лични документи не одговара на бројот на годините колку што навистина ги имате, односно, на биолошката старост. Психолошки можете да бидете многу постари, или обратно-помлади. Сето тоа зависи од тоа како се чувствувате каков начин на живот водите.
Нормално, се поставува логично прашање – како да се пронајде точната формула за утврдување на нашата биолошка старост.

Во медицинските извори се препорачува да се направат следниве тестови со вршење на следниве задачи:

1. Измерете го вашиот пулс (отчукувања на срцето). Потоа направете 30 клекнувања со брзо темпо. Измерете го пулсот повторно, па обрнете внимание на разликата. Запишете ја. Ако вашиот пулс се зголемил за:

0 -10 единици – имате 20 години
10 – 20 единици – имате 30 години
20 – 30 единици – имате 40 години
30 – 40 единици – имате 50 години

2. Тест за откривање биолошка старост број 2

Цврсто стиснете го палецот и показалецот од внатрешна страна на раката, кај зглобот каде што мериме пулс (над дланката), со други зборови потребно е да се штипнете себеси 5 секунди. За точни резултати можете да користите и стоперка. Понатаму, опуштете ги прстите и утвредете за колку секунди вашата боја на кожа се вратила во првобитната состојба:

За 5 секунди – имате речиси 30 години
За 8 – околу 40 години
За 10 – имате околу 50 години
За 15 – имате блиску 60 години

3. Следен тест за утврдување биолошка старост со малку гимнастика

Застанете исправено, свиткајте ги колената и навалете се нанапред. Пробајте во оваа позиција со дланките да го допрете подот. Во принцип, ова не е тешко. Ги проценуваме резултатите:
Ако сте ги ставиле дланките целосно на подот – вашата биолошка возраст е 20-30 години
Го допирате подот под прстите – имате 40 години
Ги допирате своите потколеници – имате 50 години
Ги допирате само колената – имате 60 години

4. Сега најтешката задача.

Замижете, застанете на левата па на десната нога. Можете да балансирате со рацете, но не е дозволено да се држите за ништо. Пробајте да останете во таа положба. Некој од вашето семејство нека изброи колку секунди ќе останете во таа положба :
30 и повеќе – вашата биолошка старост – 20 години
20 секунди – 40 години
Помалку од 10 секунди – 60 и повеќе години
Ако не сте задоволни со резултатите – почнете конечно да се грижите за вашето здравје. Почнете барем со утринска гимнастика . По извесно време тестот на биолошка старост направете го повторно. И тогаш можеби вашата физичка старост ќе и го одстапи местото на биолошката.

Останати вести