Семејството на Фросина смета дека вистинскиот убиец е на слобода

Семејството на дваесетгодишната Фросина Цекова од Крива Паланка, која беше прегазена кај Универзална сала, се сомнева во истрагата.

Таткото на Фросина, кој беше повикан во Обвинителството, верува дека вистинскиот убиец е на слобода. Тој вели дека отпечатоците на човекот кој сам се пријавил дека ја прегазил Фросина, не се совпаѓаат со отисоците кои се пронајдени при истрагата. Тој се сомнева дека отисоците од воланот биле избришани и дека лицето кое се пријавило во полиција не е вистинскиот убиец. – Некој јак човек стои позади ова, вели таткото на Фросина. Фросина Цековска пред неколку месеци загина пред Универзална сала, откако возило со огромна брзина ја прегази на пешачкиот премин на Партизанска, а возачот избегал од несреќата.

Останати вести