Докторите ѝ кажале дека нејзиното бебе умрело, но вистинско чудо го врати во живот

Не постојат зборови да се опише оваа приказна, освен тоа дека мајчинската љубов победува се.

Докторите им кажале на родителите Кејт и Дејвид од Сиднеј, дека едно од нивните новородени близнаци, односно новородениот син е мртов, но потоа се случило медицинско чудо.

Бебето било родено неколку недели порано и било прогласено за клинички мртво. Медицинската сестра им го дала безживотното тело на родителите за да се збогуваат со него, но наместо тоа мајката му зборувала на новороденчето наместо да го оплакува.

На снимката се гледа како бебето лежи на мајката, допирајќи се со кожата цели два часа, галејќи го и кажувајќи му дека неговата сестра близначка е добра, и потоа бебете почнало да се мрда се повеќе и повеќе. Докторите ѝ рекле да не се надева премногу дека тоа биле само рефлекси и дека не може да биде живо. Но, миг подоцна тоа ги отворило очите. Кејт ставила од своето млеко на прстот и бебето веднаш почнало да цица. Докторите биле во шок. Медицинско чудо, бебето Џејми се вратило во живот пред нивните очи!

„Без нејзиниот мајчински инстинкт не верувам дека Џејми ќе беше денес со нас”, рекол таткото.

Денес тие живеат со нивните две бебиња, Џејми и Ејми, сметајќи се себеси за едни од најсреќните луѓе во светот.

Останати вести