ЕВРОВИЗИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА ВО АВСТРАЛИЈА?
Евгениј Ништук, министер за култура на Украина, во интервју за украинска телевизија призна дека во Украина нема сала, која е подготвена да прифати музичкиот натпревар од типот на “Евровизија”.
“Немаме арена, односно затворена сала, која ги исполнува барањата на организаторите за одржување на ваков вит манифестација. Олимпискиот стадион во Киев не е покриен, но и дури и да монтираме привремен покрив – на него нема да може да се закачи тешката опрема”,
Министерот додаде дека се разгледува варијантата за изградба на соодветна арена во Лавов. „Таква арена е неопходна во секој град, во Киев особено. Немаме игралиште кое е соодветно за голем конгрес, театарски перформнс”, додаде министерот. Според него во Киев треба да изгради голема современа сала на брегот на Дњепар.
Украина со песната „1944″ победи на годинешното издание на Евровизија. Покрај првото место, Киев доби право следната година да биде домаќин на манифестацијата. Второто место и припадна на Австралија, а на третото беше Русија.
Во случај Украина да се откаже од организација на фестивалот, според правилата следна на листата е Австралија. Меѓутоа уште пред финалето на Евросонгот во мај годинава, беше разгледувана можноста што ќе се случи доколку Австралија победи. Зашто австралиската песна беше една од фаворитите. Беше заклучено дека Евросонгот 2017 сепак ќе се одржи во европа, а Австралија би била кодомаќин со земјата која ќе ја избере за партнер.