Владата го загуби мнозинството во парламентот, причината е малку необична

Врховниот суд пресуди дека потпретседателот на владата, Барнаби Џојс, не може да биде пратеник во парламентот поради двојното државјанство, што владата ја чинеше парламентарно мнозинство.

Џојс и уште четворица политичари противпрописно се избрани во парламентот, затоа што имаат двојно државјанство, стои во пресудата на врховниот суд.
Тоа значи дека тие тројца, вклучувајќи го и Џојс, не можат да ја извршуваат должноста на парламентарни пратеници. Останатите поднесоа оставки уште во јули. Со излегувањето на Џојс од парламентот, владата го губи мнозинството, но потпретседателот на владата може да се врати ако повторно биде избран на новите избори, што е многу веројатно.
Тој во август се откажа од новозеландското државјанство, и вети оти повторно ќе се кандидира.
„Ја почитувам пресудата на судот” – изјави Џојс набрзо по објавување на пресудата. „Живееме во чудесна демократија, со бројни механизми на контрола, кои ни ги обезбедија сите наши денешни слободи. Му благодарам на судот на одлуката”. Останатите четворица политичари– Fiona Nash, Malcolm Roberts, Larissa Waters и Scott Ludlam – се избрани во Сенатот.
Судот го потврди изборот во парламетот на Matt Canavan и Nick Xenophon. Сагата за двојното државјанство е главната тема на австралиската политика од јули, поттикнувајќи голем број пратеници да ги објават податоци за државјанство.

Останати вести