Владата на Морисон вложува $3 милиони за истражување на лекувањето на карцином

Федералната влада ќе обезбеди $3 милиони за да се истражи на кој начин медицинскиот канабис може да им помогне на лица болни од рак.

Оваа најава пристигнува во момент кога министерот за здравство Грег Хант откри дека на над 11.000 Австралици им е одобрен пристап на производи од медицински канабис, за повеќето од нив тие ќе бидат достапни уште во текот на годинава. Мултимилионскиот износ ќе се користи за истражување со кое треба да се утврди колку може да биде делотворен канабисот во лекување болки предизвикани од карцином и други нуспојави. Хант изјави дека владата се посветува на собирање докази со кои ќе се даде поддршка на употреба на медицинскиот канабис. Хант ова го објави заедно со Оливија Њутон Џон која деновиве престојуваше во Мелбурн по повод одржувањето на Прошетка за здравје и Трка за истажување. Пејачката и актерката сака Австралија да фати чекор со САД кога станува збор за употреба на овој лек во лекување на карциномот. „Откриено е дека овој лек не ги предизвикува проблеми од кои луѓето се плашеа” – им изјави таа на новинарите додека учестуваше на годинешните Прошетка за задравје и Трка за истражување во Мелбурн. „Луѓето мораат да ги отфрлат старите, хипи верувања за овој лек. Тој и мене неверојатно многу ми помогна во намалување на болката и анксиозноста, особено кога престанав да користам морфиум. Се што користев е канабис”. Њутон Џон изјави дека се надева оти Австралија може да „стане епицентар за истражување на канабисот”. Речиси 80 австралиски компании се лиценцирани за одгледување канабис во изминатите две и пол години.

Останати вести