Се разгледува можноста да се унапредат одбранбените способности на морнарицата за да можат да уништуваат интерконтинентални ракети, најави министерот за одбрана, Кристофeр Пајн, откога Северна Кореја лансира ракета над Јапонија.
Пајн рече дека Австралија би можела да ги надгради своите нови разорувачки противракетни штитови. Австралиската програма на разорувачи ќе биде привршена во 2018 година, кога ќе заврши и градењето на уште два нови. Мала е можноста Австралија да биде мета на севернокорејска ракета, рече Џули Бишоп, министерката за надворешни работи и додаде оти владата е длабоко загрижена од „многу провокативниот” чин на Северна Кореја, и оцени дека светот треба да даде време, да почнат да делуваат санкциите кои Обединетите нации ги наменуваат на Северна Кореја.
Прајминистерот Малком Турнбул вели дека Кина има најголемо влијание врз Северна Кореја, и го повика Пекинг да го употреби тоа влијание врз режимот во Пјонгјанг.
Северна Кореја испали балистичка ракета со среден домет која прелета преку територијата на Јапонија и падна во Тихиот Oкеан, повикувајќи се на своето право на самоодбрана од „непријателските планови” на САД, кои моментално учествуваат на годишна воена вежба со Сеул. Советот за безбедност на Обединетите Нации, „остро” го осуди севернокорејското испалување на балистичката ракета, во изјава која по три часа заседавање, неговите петнаесет членови едногласно ја одобрија.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин се согласни дека треба да се зголеми притисокот врз Северна Кореја и повикаа на зајакнување на санкциите на ОН против Пјонгјанг. Британската премиерка Тереза Меј ја повика Кина да го зголеми притисокот врз Северна Кореја за да ги прекине ракетните тестирања. Севернокорејскиот лидер Ким Јон Ун, за државната новинска агенција KCNA, рече дека треба повеќе да се вежба на мети во Тихиот Океан.
„Оваа вежба, лансирање балистичка ракета, е како вистинска војна, прв чекор во воената операција на Корејската народна војска во Тихиот Океан и смислен вовед во зауздување на Guama” – изјави Kim за KCNA.