Прајминистерот Скот Морисон се најде на мета на критики затоа што речиси 40.000 австралијски жители се заглавени во прекуокеанските земји откога Националниот кабинет одлучи да не го зголеми дозволениот број на меѓународни патници.
Гласноговорникот на лабуристите за здравство, Chris Bowen го критикуваше прајминистерот велејќи дека австралискиот пасош „некогаш нешто значел”. „Австралискиот пасош, тоа што го носиме со себе кога патуваме во други земји, некогаш нешто значеше. Под лидерството на Скот Морисон тој пасош повеќе не значи дека имате право да се вратите дома кога имате проблеми” – вели тој.
На лидерската средба на премиерите и прајминистерот во јануари одлучено е дозволениот број патници повратници да се намали поради загриженоста за внесување на англискиот сој на коронавирусот што нема повторно да се ревидира се до 15 февруари.
Bowen повторно ја повика федералната влада на направи повеќе за да го зголеми капацитетот на карантин, што би им помогнало на Австралијанците кои сакаат да се вратат дома. Вели дека карантинот е работа на Скот Морисон – тврдење кое владата го побива велејќи оти тоа е одговорност на поединечните држави и територии кои не дозволуваат враќање на повеќе патници на аеродромите. „Ова е еден од клучните индикатори на успех, а тој тука не покажува успех” – вели Bowen. Додаде и оти високозаразниот англиски сој на вирусот може да доведе до зголемен број инфекции ширум светот, може да донесе поголемо страдање и оттаму произлегува причината за загриженост бидејќи илјадници Австралијанци моментално се заглавени во прекуокеанските земји како Обединетото Кралство.
„Мораме да бидеме сигурни дека системот на карантин ќе остане доволно силен за да му оддолее на овој вид на вирус” – вели тој и додаде оти не е подготвен да види дополнително намалување на бројот на Австралијанци кои се враќаат дома.
Скот Морисон откри дека почетокот на вакцинацијата со Фајзер вакцината кој е планиран за за крај на февруари, би можел да се одложи бидејќи фармацевскиот гигант има проблем да држи чекор со побарувачката и проблем со зголемување на своите производни капацитети.