Владата во раскол околу промената на доприносите за пензија

Федералната влада сама ќе го предизвика расколот околку предлог вреден $6 милиони долари, предлог за промена во доприносите за пензија, велат лабуристите, по извештајот за расправата на оваа тема меѓу Тони Абот и Скот Морисон, министерот за финансии.

Поранешниот премиер е против плановите со кои на лицата со ниски приходи би им се понудило плаќање на помали доприноси за пензија и ја повика Колацијата да се откаже од предлогот за лимит на дополнителните доприноси по плаќањето на данокот.
Katy Gallagher, гласноговорничката на лабуристите за финансиски услуги изјави дека Абот е уште еден во низата кој ги критикува буџетските мерки на Коалицијата. „Притисокот сега е секако зголемен затоа што поранешниот премиер јавно го нападна министерот за финанси и неговиот план за реформи на суперануацијата. Либералите не се согласуваат околу оваа тема – рече таа.
Сенаторката Gallagher исто така рече дека Малком Трнбул за време на предизборната кампања повеќе пати повтори дека нема да се откаже од промената. „Лабуристите сакаат одговорна расправа со владата како би се создал праведен систем за пензиско осигурување” – изјави таа. Скот Морисон се консултира со колеги и претставниците од индустријата за промените кои се најавени во предизборниот буџет во мај.

Останати вести