ВЛАДИКАТА ПЕТАР: Се надевам дека новата епархија во Австралија ќе донесе мир меѓу верниците

Владиката Петар и Здружението на македонски заедници на Игор Александров долги години се во отворен спор и се тужат за надлежноста на црквите и имотите во Австралија. 

Владиката Петар не сака да ја коментира одлуката на Синодот на МПЦ дека е формирана нова епархија во Австралија. Тој само кратко вели дека таа ќе помогне да се врати мирот кај верниците и дека ќе се реши проблемот со имотите.
– Здружение на македонски заедници во Австралија се обврза да го поддржи старателството на имотите на Австралиско-новозеландската епархија. Тоа значи дека имотот ќе припаѓа на нашата епархија при МПЦ и ќе се формира корпорација – вели Петар за Телеграф.мк
Игор Александров, претседател на Здружението на македонски заедници во Австралија, вели дека новата епархија ќе биде со седиште во Сиднеј во форма на непрофитно здружение на граѓани, сочинето од македонските православни заедници, чии храмови влегоа под надлежност на митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј.
– Иако Уставот на Македонската православна црква наложува епархиите на МПЦ да бидат посебни правни лица, во согласност со граѓанските закони на државите во кои функционираат, со ова за првпат во историјата ќе се случи македонска православна епархија да стане правно лице во Австралија со одобрение на Синодот на МПЦ – напиша Александров на Фејсбук.
Владиката Петар и Здружението на македонски заедници долги години се во отворен спор и се тужат за надлежноста на имотите и црквите во Австралија.

Останати вести