Од минатиов четврток во Мелбурн во канонска визитација престојува Митрополитот Дебарско-Кичевски и Администратор Австралиско-Сидејски г. Тимотеј.
Владиката г. Тимотеј ги посети сите храмови од неговата епархија и одржа Архиерејска Богослужба во „Св. Јован Крстител” во Џелонг, „Св. Георгиј и Пресвета Богородица” во Епинг и „Успение на Пресвета Богородица” во Сиднам.
Притоа во понеделникот имаше и посета на манастирот „Св. Климент Охридски” во Кинг Лејк за кој се најавува осветување при неговата следна посета на Австралија.
