Љубителите на Австралија Опен годинава ќе бидат сведоци на редизајниран Melbourne Park кога турнирот конечно ќе почне овој месец. За да турнирот биде безбеден од КОВИД, организаторите го поделија просторот во три зони: посетителите ќе можат да бираат меѓу централниот терен, најдобрите опции за храна и пијалок или најевтините влезници.
Организаторите не наведуваат колку поради коронавирусот ќе биде намален бројот на гледачи на кои ќе им биде дозволен влез во главната област каде се одржува турнирот, но кажано е дека „капацитетот на арената ќе бидат модифициран”, а распоредот на седење ќе биде организиран да се обезбеди растојание меѓу групите.
Меѓу трите зони за кои ќе се продаваат влезници – Rod Laver Arena, Margaret Court Arena и John Cain Arena (порано позната под името Melbourne Arena) – ќе се оневозможи движење на посетителите за време на натпреварувањата. Секоја зона на навивачите ќе им понуди сопствена комбинација составена од тенис на светско ниво, искуство на игра во живо и кулинарска понуда на каква сме навикнати за Австралија Опен.
На годинешниов турнир зоната позната под името John Cain Arena е замена за популарната влезница „ground pass”, а цените на влезниците „ground pass” се исти како минатата година. Двата источни терени на отвореноисто така се вклучени во зоната John Cain Arena заедно со просторот за тренирање каде навивачите ќе можат да ги видат тениските ѕвезди за време на загревањето и каде ќе можат да го одберат најдоброто од понудата на храна и пијалоци кои ќе ги понуди турнирот.
Директорот на турнирот Краиг Тили вели дека John Cain Arena до сега угостила некои од највозбудливите натпревари во текот на годината и стана омилена дестинација и за играчите и за посетителите.
Во склоп на планот Австралија Опен да биде безбеден од КОВИД, влезниците ќе бидат продавани во семејни пакувања од шест влезници за да се обезбеди можноста за одржување растојание меѓу гледачите. За да се намали можноста за допири, сите влезници ќе бидат дигитални и ќе помогнат во следење на контактите. Низ Melbourne Park ќе бидат поставени над 200 пунктови за дезинфекција на раце.