Од петок започнува големата Австралиска турнеја на Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски и Златко Миладиноски во Австралија во организација на Австралиско Македонската младинска организација Никола Карев од Мелбурн. Закажани се десет концерти започнувајќи од Мелбурн, Волонгонг, Сиднеј, Квинбијан, Њукасел и Перт.
Повеќето концерти во Мелбурн се целосно распродадени, каде беа првично закажани 3 концерти и по барање на публиката дополнително беше закажан и четврти. Како што дознаваме од организаторите останува уште малку место за 5 април, по што ќе биде распродаен и четвртиот. Во другите градови каде се закажани концерти во Волонгонг и едниот во Сиднеј се распродаени а на другите места се при крај. Тимот што доаѓа од Македонија е најдоброто што може да се избере во моментов во Македонија. Влатко Миладиноски е актуелен со неговата песна “Велат не нема”, а Дамјан Стојаноски со “Тешко мина докторе”.
Затоа побрзајте да си обезбедите карта во местата каде што се уште не се распродадени концертите за да не го пропуштите концертот на годината.