Во среда, на 28 ноември од 15:30 до 16:30 часот Влатко Стефановски, познатиот фронтмен на легендарната група “Леб и Сол” ќе одржи музичка академија во Hobsons Bay Music Academy на адреса 272 Millers Road во Altona North.
Местата се бесплатни и веќе се резервираат очекувајки голем интерес, да слушнат и нешто да научат од кралот на гитарата, виртуозот Влатко Стефановски.
Стефановски за време на неговата соло кариера соработуваше со познати уметници како Томи Емануел, Сточело Розенберг, Гибони, Јан Аккерман, Теодосиј Спасов, Мирослав Тадиќ, Стефан Миленковиќ, Куди Ергунер, Бојан Зулфикарпашиќ, Ману Кетче, Тони Левин и многу други. Има настапи со бројни оркестри и ансамбли како Лондонскиот симфониски оркестар, Симфонискиот оркестар на МДР во Лајпциг, Филхармонијата на Монте Карло, оркестарот Тонкунстлеер од Виена, Симфонискиот оркестар од Софија, Словенечкиот филхармониски оркестар – Љубљана итн. Автор е на музиката за неколку филмови, балети и театарски претстави.
Австралиската турнеја 2018 ќе го вклучи електричниот Трио бенд со кој свири во изминатите 2 децении – ветувајќи незаборавно шоу за сите што ја ценат одличната електрична и акустична фузија на гитарата. За Влатко Стефановски ова ќе биде прва турнеја низ Австралија во неговата 40 годишна кариера.
Најавени се само три концерти во следните градови: Мелбурн на 30 ноември, Сиднеј на 1 декември и Перт на 2 декември. За повеќе информации кај Сотир на моб: 0420 976 847