Влез во парламентот на Квинсленд

Планот на Полин Хенсон за влез на партијата One Nation во сите нивоа на владата на Австралија е на чекор поблиску до целта. Парламентарецот од парламентот на Квинсленд спектакуларно си замина од Либерално националната партија и се приклучи на One Nation и на тој начин обезбеди глас во државниот парламент без мнозинство.

Кон Стив Диксон се приклучи и Хенсон. Диксон изјави дека чувствува оти „двете големи партии го загубија својот пат” и повеќе не може да ги претставува интересите на луѓето во својата изборна единица како член на LNP. Изјави оти последната капка што ја прелеа чашата е неактивноста на LNP по прашањето за легализација на медицинскиот канабис. А неговите апели за акција не ги слушнале поголемите политички партии, и оти Хенсон е единствената која имала волја да се занимава со оваа тема. Преминувањето на Диксон во партијата на Полин Хенсон дава присутност во државниот парламент на Квинсленд, кој го контролира лабуристичка влада. На прашањето што ќе значи неговата одлука во однос на силите во парламентот на Квинсленд, Диксон рече дека „ова е голема можност за Квинсленд”.

Останати вести