Државните училишта низ Западна Австралија ќе имаат корист од владиниот пакет вреден $200 милиони, со што ќе се отворат над 3.000 нови работни места. Сите 789 училишта во јавниот сектор во оваа држава ќе поделат $35 милиони кои ќе можат да ги потрошат на одржување или на помали поправки наведени во извештајот за процена на состојбата на школските установи.
Преостанатите $65 милиони ќе бидат доделени на училишта за други цели како што се одржување или опремување на училниците, унапредување на електричните инсталации и структурни унапредувања.
Локалните мали бизниси исто така ќе имаат корист од овој пакет затоа што се проценува оти со негова помош ќе се отворат околу 1.890 работни места во поширокото подрачје на градот Перт како и во регионалните делови на Западна Австралија.
Премиерот Michael McCormack рече дека учениците заслужуваат да учат во најдобри можно услови. „Наскоро ќе почнат работите, што ќе донесат стимулација за локалната економија и ќе создадат можности за работа на локалните електричари, водоинсталатери, градежни работници и столари” – рече Michael McCormack.
Министерот за финансии Ben Wayatt рече дека одговорното управување со буџетот што го спроведува владата ќе донесе доволно флексибилност за вакви вложувања.
„Оваа иницијатива за отварање работни места во Западна Австралија ќе помогне да се даде поддршка на државната економија и ќе донесе трајна корист на жителите во Западна Австралија” – рече Wyatt.