Полицијата заплени 384 килограми кокаин чија вредност се проценува на околу А$144 милиони.
Кокаинот бил скриен во внатрешноста на багер, а пронајден е со ренгенски преглед на возилото во Сиднеј откога како користено возило е увезено во Австралија од Јужноафриканската Република.
Полицијата по пронаоѓање на дрогата го дозволила пристигнувањето во Австралија како „мамец” за увозниците кои на крај ги уапсила. Двајца мажи се приведени во Bungendorе кои се обвинети за увоз на комерцијално количество дрога.
„Јасно е дека оваа група сметала оти криумчарење дрога во багер е итар начин да се избегнат нашите закони. Со заплена на 384 килограми кокаин се покажа дека во тоа не биле во право” – изјави Ray Johnson, надлежен за случајот.
„Соработката меѓу сите вклучени тела доведе до успешно запленување на дрогата. Криминалните групи ова нека го сфатат како предупредување – сите наши тела работат заедно за да се спречат вашите активности и вас да ве изведеме пред суд” – заклучи тој.