Во центарот на Сиднеј ечеше нашата музика

Ансамблот на МКУД “Илинден” од Рокдаел минатава сабота во бизнис центарот на Сиднеј, кај познатиот Pitt Street Mall (веднаш до трговскиот центар на Myer) разви оро и се слушна гласно нашиот препознатлив мелос.

Навистина убава можност да се претстави дел од нашата македонска ризница пред пошироката австралиска јавност. Спонтано, на музиката од присутните се направи оро на кое, покрај игрорците во носија, им се придружија и многумина од насобраните луѓе кои поминуваа. Честитки до друштвото кое станува еден од најсилните амбасадори на нашата заедница.
Дознаваме дека играорците на МКУД “Илинден” напорно вежбаат и се подготвуваат за големиот концерт по повод 50 годишнината од основањето на друштвото. Јубилејниот концерт се одржува во сабота, на 26 ноември, во прекрасниот State Theatre, 46 Market Street во Сиднеј. За повеќе информации јавете се на 0408 717 987.

Останати вести