Во недела, на 28 октомври во Мелбурн, по седми пат ќе се одржи Македонскиот фестивал на храна. И овој пат македонските културно уметнички друштва, спортските клубови, заедно со социјалните друштва ќе ја претстават нашата култура преку храна, песна и оро.
– Се почна во 2012 година во Williamstown, кога се одржа првиот фестивал. Како се зголемуваше фестивалот, така баравме се подобри и поголеми локации. Неколку години се одржуваше во Саут Моранг и еве годинава повторно дојдовме во Фуцкрај во западниот дел од градот. Ако вистински сакаме да ја промовираме македонската култура, треба да бидеме насекаде. Ќе имаме гости од Сиднеј, но и од други градови. Ќе настапи културно уметничко друштво од Сиднеј, но и друштва од Русија, Индија и други држави, вели Лидија Нешковски, која скоро 10 години е претседател на МАСО (Macedonian- Australian community organization).
Фестивалот е на само една недела пред Melbourne Cup, и се одржува во Footscray Park, кое е во непосредна близина.