Во саботата, на 23-ти ноември, во просториите од ФК „Грингилски лавови” во населбата Грингила крај Волонгонг се одржа традиционалната Волинска вечер.
Најпрво присутните ги поздрави активистот Крсте Илинкоски кој им посака топло добредојде и убав помин. До утринските саати волинци и нивните пријатели со песни и ора поминаа убави и незаборавни моменти.
Да спомнеме дека покрај домаќините и гостите од Сиднеј, вечерта допатуваа и фамилиите на Наумка и Наумче Нически од Канбера и Божана и Ѓорѓи Николоски од Мелбурн.
На членовите од одборот им честитаме за убавата организација и им посакуваме да продолжат и понатаму да не збираат и забавуваат. А тоа се: Јасмина Велјаноска, Страше Чалдрмоски, Ристе Николоски Крсте Илинкоски.
Иван Трпоски


