Во “Канео“ се одржа хуманитарна вечер

Минатиот петок во македонскиот ресторан “Канео”, што се наоѓа во северното мелбурншко предградие Резерво, се одржа хуманитарна вечеринка за настраданите од неодамнешната поплава во Скопје.

По иницијатива на Никола Кирковски и Горан Петрушевски во Kaneo Restoran спонтано се собраа педесетина луѓе од кои се собраа за донација $3,235 долари.
Треба да се напомне дека ресторанот и целокупниот персонал се откажаа од своите дневници и своја донација даде и Atlantic Caravan. Вечерта помеѓу присутните ги забележавме кон­зулката Бети Коруновска и прет­седателот на Советот Зоран Здра­вевски.
Собраните срдства се целосно депонирани на сметката на Македонската амбасада која ќе ги испрати средствата во Република Македонија.

Останати вести