Во Лихнид се ковале највредни пари на Балканот

Во стариот, антички Лихнид, едно од историските имиња под кои е познат Охрид, се ковале највредни монети на Балканот или едни од највредните.

Ова го открива Даница Бачева во монографијата “Монетоковањето во Охрид од вториот век пред нашата ера”. Бачева, како археолог и нумизматичар, во својот работен век во Завод и Музеј во Охрид една деценија му го посвети, покрај другото, на истражувањето на монетите на Балканот, а посебно во Охрид.
Бачева открива дека во Охрид постоела ковачница за монети со исклучителна вредност. Тоа се однесувана периодот на антиката, а уникатни примероци се откриени на локалитетот во Плаошник, кај Охрид.
“Во античкиот Лихнид ковани се многу значајни монети, како што се лихнидски монети со претстава на аверсот на македонскиот штит и на реверсот лаѓата. Новина е тоа што тука се внесени уникатни примероци на овој значаен и редок вид монети кои се најдени на локалитетот Плаошник при ископувањето 2007 – 2010 година”, вели Размоска – Бачева, археолог нумизматичар.
За првпат во новата публикација се обработени и монетите на Десаретите кои, исто така, се најдени на локалитетот Плаошник.
“За прв пат во науката се пронајдени монети кои ги ковале Десаретите како племенски монети, и тие досега не биле познати. Не се пишувало за нив во научниот свет свет затоа што за првпат се пронајдени на локалитетот Плаошник. Овие монети се од бронза”, вели Бачевска. За Десаретите се претпоставува дека го населувале просторот околу Охрид каде што сега се наоѓа познатиот охридски хотел “Десарет”.
Значајни монети се ковале и во средновековен Охрид. Од охридската ковачница излегувале монетите на Асен Втори, при што се пронајдени 1 000 примероци. Биле ковани монети од цар Душан, Волкашин и неговото семејство, од кралицата Јелена и Евросима, потоа многу ретки видови примероци монети, од Крали Марко и неговиот брат и Кнез Лазар. Во времето на Отоманската Империја, во Охрид се ковале и турските акчи.

Останати вести