Се зголеми бројот на жртви во несреќата откако кран се урна врз Големата џамија во Мека.
Најмалку 107 лица загинаа и 238 се повредени откако кранот се сруши врз кровот на џамијата.
Кранот бил носен од силните ветрови и паднал врз најсветата џамија во светот.
Во овој период пред почетокот на годишниот аџилак, во Саудиска Арабија се очекува да има повеќе од милион верници, а веќе имаат пристигнато 800 000 луѓе.
Големата џамија во Мека е позната како Масџид ал-Харам и е најголемата џамија во светот.
Изградена е во форма на коцка направена од гранит и често ја нарекуваат Куќата на Алах.