Во Перт прославен Илинден

Во чест на македонскиот национал празник Илинден 1903-1944, почесниот конзул на Република Македонија во Перт Зоран Ќосески приреди свечен прием во познатиот ресторан на познатиот бизнисмен Капинков.

На приемот присуствуваа високи претставници на австралиската влада, опозицијата, вооружените сили, локалната власт, угледни бизнисмени, академски научници како и претставници на Македонската православна црква и Македонските иселенички организации.

Од името на Република Македонија поздравен говор одржа почесниот конзул Ќосески, од името на владата на Западна Австралија присутните ги поздрави Крис Хтон, а од името на опозицијата поздравен говор одржа самиот лидер, Марк МекГоњан.

На приемот се одржа и промоција на македонска храна и вино а гостите ги забавуваше оркестарот на народни инструмент на Петре Георгиевски.

Останати вести