Во САД повеќе од 3 милиони заразени

Соединетите Американски Држави достигнаа три милиони заразени со ковид-19, а претседателот Доналд Трамп упорно тврди дека смртноста опаѓа, што е неточно за најголемите жаришта на пандемијата.

На САД им беа потребни три месеци да го достигнат бројот од милион заразени, што се случи на крајот на април, истовремено со Европската Унија.
Во меѓувреме, Соединетите Држави дијагностицираа нови два милиони заразени во време кога ЕУ забележа 270.000 нови случаи.
Последниот милион заразени во САД се случија за помалку од еден месец.
Американците воопшто не излегоа од првиот бран на заразата која се движеше географски и показателите се во црвено во неколку најнаселени сојузни држави како Тексас и Флорида: секој ден се потврдуваат сè повеќе случаи, сè повеќе зафатени болнички кревети и сè повеќе мртви.
Американскиот претседател ја негира реалноста на Твитер напиша дека „процентот на смртноста од коронавирусот е поделен со десет”.
Тоа тврдење е лажно: вистината е дека просечно САД се далеку од априлскиот рекорд на смртноста од ковид-19, кога на ден умираа повеќе од 3.000 луѓе, бидејќи во последните денови просечно умираат по 600 луѓе.
Тоа е главно благодарение на североистокот на земјата околу Њујорк кој успеа да го исконтролира вирусот и бројот на заболени секојдневно паѓа.
На југот и западот, напротив, бројот на случаи расте. Националниот просек е стабилен, но во реалноста санитарната криза се разгорува во голем дел од САД.
„Растеме, никогаш вистински не паднавме и сега бројот расте”, кажа Ентони Фаучи, највисокиот експерт за заразни болести во американската влада кој сè почесто повикува на тревога.
Трамп на прашање на телевизијата Фокс њуз, кажа дека не се сложува со д-р Фаучи.
„Добро сме. Одработивме добра работа. Мислам дека за две, три, четири недели ќе бидеме во одлична позиција”, кажа американскиот претседател.
Во следните четири недела повеќе од 15.000 Американци ќе умрат од ковид-19, покажува директната пресметка на просечните епидемиолошки модели кои ги објави Универзитетот Масачусетс, што значи дека бројот на жртвите на 1 август ќе достигне 147.000.

Останати вести