Доколку сакате да ја постигнете, но и да ја задржите посакуваната тежина и линија, време е да го промените животниот стил. Тоа што е неопходно е да одбегнувате нездрави продукти, секојдневно да вежбате и да спиете редовно.
Многу жени грешат при обидите брзо да изгубат килограми. Еве неколку совети за да дознаете кои начини на слабеење не функционираат.
Грешка број 1: Изгладнување
Најлоша, но и најчеста грешка со која сакате да стигнете до вито тело е изгладнувањето. Поточно, се работи за мачење на мускулното ткиво и целото тело, кое може да резултира со разни промени во метаболизмот, и затоа не е исклучен ниту фактот дека можете да ставите некој килограм повеќе. Сите лекари и експерти со причина повторуваат: екстремните диети се лоши за здравјето, но и неизводливо е да ги одржите на долга патека.
Грешка број 2: Таблети, шејкови и разни препарати за слабеење
Колку добра реклама и да имаат, и без оглед на атрактивната продавачка и магичните резултати и препораките на другите корисници, за жал, не постои магична таблета, прав или шејк кои би ви го скратиле маките. Затоа, следниот пат, место да купите препарати за слабеење, купете килограм јаболки – поисплатливо е и поефективно.
Грешка број 3: Разни начини на не-вежбање
Твојата пријателка ти кажала како да изгубиш два сантиметри во обем само ако секојдневно одиш во сауна? Размисли два пати пред да одлучиш да ја испробаш таа метода, бидејќи повеќечасовното потење во сауна или обвиткувањето во пластична фолија нема да ве ослободи од масните наслаги. Потењето е добар показател, но само ако се работи за потење настанато од вежбање, а не лежење во сауна.
Грешка број 4: Еднолична исхрана
Веројатно си слушнала за диета која препорачува да се внесува само одредена храна во телото. На пример, јаболки. Повеќето луѓе веруваат дека едноличната исхрана ќе им помогне во постигнувањето на саканата тежина и фигура, но ќе се случи токму спротивното. Научните студии покажале дека за најконзистентно губење на килограми вреди да се комбинираат правилни и редовни вежби со здрава исхрана. Ако го исклучите едното од овие две нешта, веројатно обидот ќе биде безуспешен.

Бесплатна навика со која се губат 3-4 килограми
Според новите истражувања, постои еден метод со чија помош можете многу брзо да се ослободите од вишокот килограми. Со помош на оваа навика вие без стрес, нервирање и разочарување можете брзо и едноставно да ја постигнете вашата цел.
Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Бирмингем, многу е важно да внесувате и по половина литар вода пред секој оброк. Во ова истражување учествувале 84 личности кои имаат проблем со тежината. Во текот на 12 недели, тие консумирале поголемо количество вода пред јадењето, додека пак 43 од нив добиле упатство да почнат со јадење замислувајќи дека желудникот им е веќе полн. Резултатите покажале дека оние кои пиеле повеќе вода пред сите три оброка, во текот на истражувањето изгубиле околу 3.4 килограми, додека пак оние со замислениот полн желудник околу 0.8 килограми.
Испитаниците пиеле исклучиво вода од чешма, додека пак минералната и водата од шишиња им била забранета. Научниците заклучуваат:
„Убавината во ова откритие е токму едноставноста. Ако пиете вода пред оброкот, ќе ги изгубите вишокот килограми. Доколку ова правило го почитувате покрај физичката активност и здравата исхрана, без сомнение ќе изгубите и многу повеќе. Оваа навика навистина не е тешка за стекнување во нашиот бурен живот.”

Осум продукти кои не смеете да ги јадете пред спиење
Желудочниот рефлукс на многумина создава големи проблеми во текот на денот, а посебно мачен може да биде пред спиење. Ви донесуваме листа на продукти кои задолжително мора да ги исфрлите од вечерното мени, бидејќи така ќе ја избегнете оваа непријатна појава.
1. Алкохол. Ги отпушта „вентилите” кои го поврзуваат желудникот и хранопроводот. Кога ќе се случи тоа, вашето тело повеќе не може да ја задржува храната и киселините таму каде што им е местото – во желудникот.
2. Газирани пијалаци. Спаѓаат во група на намирници кои во себе содржат повеќе киселини од било што, што можеме да го најдеме во природата. Јаглен диоксидот во газираните пијалоци го зголемува притисокот во желудникот.
3. Мрсна храна. Заборавете на сладолед, кекси, хамбургери и сите продукти со голем удел на штетни маснотии, бидејќи на желудникот дејствуваат исто како алкохолот и газираните пијалаци.
4. Чоколада. Освен големиот удел на маснотии, содржи и кофеин кој се наоѓа во какаото и теобромин кој го поттикнуваат желудочниот рефлукс.
5. Сирење. Избегнувајте меки сирења како фета или моцарела, а ако баш сакате да уживате во сирење пред спиење бирајте мали количини на тврди варијанти како пармезан.
6. Јаткаско плодови. Дали се заситени или незаситени, за желудникот маснотиите секогаш се неповолни. Без оглед на тоа што јаткасти плодови главно е полно со добри маснотии, треба да се избегнуваат пред спиење. Најлошо на вас ќе делуваат оревите, кикиритките и индиските оревчиња, а за желудникот најлесни се бадемите и ф’стаците.
7. Цитруси. Иако се вкусни, здрави и освежителни во текот на денот, не ги конзумирајте пред спиење бидејќи содржат големи количини на киселини.
8. Кафе. Освен што поради кофеинот во кафето нема да можете да заспиете, тоа ќе предизвика излачување на дополнителни киселини во желудникот.