Водич за организирање на Македонската заедница во Австралија за Австралиските Федерални Избори во 2016 година

Федералните Избори во Австралија што ќе се одржат во 2016 година се огромна можност за ОМД и Македонската заедница во Австралија позитивно да влијаат на надворешната и домашната политика на Австралија во насока на поддршка за подобри социјални, економски и политички резултати за сите Австралијанци во време на комплексен меѓусебно зависен и брзо променлив свет.

Нашиот предизвик е да го зголемиме потенцирањето на прашања како оние кои се наведени подолу, гласно и ефективно со што големите и малите партии во двата дома на Австралискиот Парламент не би можеле да ги игнорираат. Мора да вршиме притисок и да создадеме услови за следната Австралиска Влада да преземе активности.
Македонската заедница во Австралија се соочува со големи предизвици во однос на Федералните Избори во 2016 година кои опфаќаат:
Итна потреба на Австралија да прекине со срамната дво-партиска политика на институционална делегитимизација и дискриминација на Република Македонија и нејзината дијаспора, која трае од 1994 година. Ние бараме Австралија да ја признае Македонија под нејзиното уставно име во билатералните односи и да прекине со дискриминаторската и навредлива политика дома, кои неповолно влијаат на сите Македонци во Австралија и ја поткопуваат демократијата во Австралија и нејзините мултикултурни стандарди и практики.
Потребата за надградување на лидерската улога на Австралија во светот преку инвестирање во етичка и одржлива дипломатија и развој на соработката со блиски нации како Македонија и нејзината дијаспора.
Потребата за длабока и стабилна мулти -партиска посветеност кон цврсти Австралиско-Македонски односи.
Недостатокот од ефективно политичко претставување во Канбера како резултат на фактот дека нема ниту еден Македонец кој е член на Федералниот Парламент или пак е кандидат за Федералните Избори.
Отсуство на финансирање на значајни економски, социјални и културни проекти кои ќе придонесат за зајакнување на институционалните и персоналните врски меѓу Австралија и Македонија.
Недостаток на дипломатско и трговско претставување на Австралија во Македонија во форма на амбасада и разочарувачки трговски и инвестициски резултати.
Потреба за подготовка и поддршка на талентирани и иновативни факултетски образовани Македонци во Австралија кои би работеле во DFAT и пошироко во јавните институции во Австралија и кои би дале придонес за Австралија.
Потреба од поддршка на Австралиската кандидаатура за членство во Советот за човекови права при Обединетите Нации во насока на истакнување на правото на само-определување на Македонија и интеграција во светот.
Вистинска загриженост поради недостатокот на програми и истражувања за Македонскиот јазик, култура и историја на универзитетите во Австралија.
Огромниот недостаток на грижа за постарите и растечките предизвици за социјална вклученост.

Критериуми за селекција на соодветни кандидати за Австралискиот Парламент
Постојат многу можности за сите австралиско-македонски гласачи, посебно за помладите, пообразовани и амбициозни генерации внимателно да размислат за тоа за кого би гласале на Федералните Избори во 2016 година. Ова треба да се базира на два критериума.
Прво, треба да процени што е досега постигнато од страна на членовите на Федералниот Парламент во однос на Македонската заедница и за Австралиско-Македонските односи од последните избори во 2013 година до сега. Доколку од нив не било побарано да придонесат за заедницата и за Австралиско-Македонските односи тогаш нема причина за негативен став. Конструктивниот пристап би бил да се побара од нив да станат дел од решението и да преземат активности пред и после изборите.
Второ, треба да се одреди што е тоа што би значело придонес и бенефиција од страна на членот на Претставничкиот дом и/или Сенаторот како кон Македонската заедница така и кон Австралиско-Македонските односи. Членовите на Федералниот Парламент и Сенаторите имаат добра позиција за позитивен придонес преку нивниот прстап во Австралискиот Парламент и политичките лидери, политичките дебати, политичките советници и разни комитети во областа на меѓународните односи, одбраната и трговијата.

Практични чекори за организирање на Македонската заедница на денот на Изборите
Поттикнување на Македонците во Австралија и организаторите на разните заедници да одржат Форум за кандидат во нивниот електорат и Лидерски форум во Канбера. Организаторите на заедниците треба да одржат одделни или заеднички форуми за нивните постојни членови на Федералниот Парламент, нивните сенатори и кандидати за овие позиции. Кандидатите треба да разговараат за решенија на актуелните прашања и нерешените потреби на Македонската заедница во Австралија.
Покана за сите политички партии во Австралискиот Парламент да објават нивен став за:
– Патоказ за унапредување на Австралиско-Македонските односи
– Значајни прашања за Македонската заедница во Австралија во 2016 година.
Поддршка на Македонските организации и индивидуалци да се вклучат во обликувањето на националната, парламентарна и јавна политичка дебата преку конвенционални и социјални медиумски кампањи. Ова може да вклучи пишување на ставови, писма до уредници, започнување на online петиција, поставување на прашања на ABC (ТВ, радио и на интерент како што е The Drum). Со задоволство може да се забележи дека се поголем број на Македонци во Австралија ги користат социјалните медиуми во однос на прашања од значење за Македонската заедница во Австралија како вовед во Федералните избори во 2016 година.
Покана за финансиски придонес од индивидуалци, семејства, компаниии или организации за Кампањата за професионално застапување за подобра надворешна политика и општествени решенија. „Дали би сакале денес да донирате 20 долари или повеќе со што би помогнале за почеток на кампањата на ОМД за Федералните Избори во 2016 година. – Да, би сакал денес да донирам за почеток на кампањата на ОМД за подобра политика и решенија”, како пример кој би можел да се користи во вакви кампањи.
Поттикнување на Македонците во Австралија да волонтираат за време на изборитево насока на поддршка на преферираниот кандидат за Претставничкиот дом и Сенатот.
Поттикнување на заедницата за јавно признание и наградување на тие членови на Парламетот или сенатори кои имале значајна и позитивна улога во унапредување на Австралиско-Македонските односи и кои граделе блиски врски со Македонската заедница.
Поттикнување на сите Македонци во Австралија кои ги исполнуваат условите да се регистрираат за гласање преку Австралиските комисии за гласање.
Мотивирање на Македонците, посебно младите и професионалците да се приклучат кон политичката партија од нивен избор и евентуално да размислат за кандидирање.
Проширување на обемот и влијанието на парламентарната група за Австралиско- македонско пријателство.
Развој на стратешки партнерства со разновидни мултикултурни заедници, тинк тенкови и граѓански организации кои следат вредности и социјални прашања што се исти со нашите.
Одржување на работилници за зголемување на способноста на Македонската заедница во Австралија за реализација на политичките цели во 2016 година и понатаму преку проверка на способноста за менаџирање на промените и градење на способноста на заедницата за истрајност и колективен удел преку лидерство, стратегија и системи за имплементација, процеси и буџети.
Значајно е сите од нашата заедница да бидат политички активни и да имаат чувство за заедничка одговорност со цел да се постигнат позитивни општествени промени. Исто така треба да ги обликуваме уверувањето, ставовите и однесувањето на заедницата со цел донирање или поддршка на работата на Обединетата Македонска Дијаспора глобално или во Австралија преку станување член или поддржувач.

Останати вести