Православните христијани во Австралија го празнуваа Богојавление (Водици)

Македонските православни христијани минатата седмица го празнуваа големиот празник Водици или Богојавление. На овој ден, традиционално свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, море или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот.

Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.
Овој празник е еден од најголемите христијански празници.
Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера.
Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
На овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството.

Останати вести