Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.
Водици или Богојавление – денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на 7 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот календар). Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.
Традиционално, во сите населени места каде што живее македонската заедница во Австралија, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.
Во црковната општина „Света Недела” во Голд Кост, архимандритот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Пo завршувањето нa Литургијата, беше извршен чинoт нa Гoлем Бoгoјaвленски вoдoсвет.
Пoтoa во базенот во дворот на храмот, спoред трaдицијaтa во осветената вода, беше положен светиoт Крст. Годинава прв до светиот Крст стигна Никола Шапкаровски.
Во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица” во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. Годинава прв до светиот Крст стигна Михајло Додевски. Од име на Управата на црковната општина на младиот Михајло му беа подарени златен крст и пари.
Во “Успение на Пресвета Богородица” во Сиднам отец Ефтим Бетински ја одржа службата и чинот на фрлање на крстот во водата. Дарко Клечкаровски беше најспретен и го фати крстот и доби златно ланче подарено од Кире и Роза Бабаџовски.
Среќното момче што го фати крстот во “Св. Никола” во Престон беше Китан Константин Здравески.
Во црковната општина „Свети Никола” во Кабрамата, протојереј-ставрофор Ѓоргија Лапоски во сослужение на старешината на храмот, презвитерот Игор Младеновски, служеше Света Златоустова Литургија. Годинава прв до светиот Крст стигна единаесет годишниот Илија.
Алексадар го фати крстот во “Св. Димитрија Солунски” во Спригнваел, а службата ја водеше о. Глигур Киселинов.
За водици во “Св. Јован Крстител” во Џилонг служеше Чедомир Илиевски, а прв до светиот Крст стигна Михаил Петровски
Вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски” – Волонгонг, служеше протојереј-ставрофор Љубомир Милошовски во сослужение со старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски. Прв до светиот Крст кој се фрлаше на плажата стигна Филип Вртковски.
Во црковната општина „Света Петка” во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија. Прв до светиот Крст стигна младиот Никола.












